Секогаш најдобри

Зошто да нѐ изберете токму нас?

Плантаго пред сѐ нуди врвен квалитет и напредна технологија. Нашиот тим е секогаш подготвен да одговори на барањата на нашите клиенти и да ги исполни нивните интереси. Искуството стекнато низ годините преку големиот број успешно реализирани значајни проекти, како и целосната посветеност на тимот на деталите на секој проект поединечно секогаш водат до загарантиран квалитет.

  • квалитетна инсталација
  • редовно одржување и сервисирање
  • дежурни сервисни екипи
  • квалификувани вработени
  • совршено исполнување на барањата на клиентите
  • професионално изведени проекти
  • оптимални решенија

20

години искуство

Загарантиран квалитет

Интегрирање на опрема со најнова технологија.

На Вас е да изберете каков тип на техничко обезбедување сакате, а останатото препуштете ни го нам.

Гарантираме за исправноста на инсталираната опрема.

Во нашето богато портфолио може да најдете многу успешно завршени проекти во делот на електро инсталациите на јавни, индустриски и приватни објекти.

Кои сме ние?

За нас

Плантаго е современа компанија која им нуди одлични иновативни решенија на своите клиенти. Со текот на годините дејностите со кои се занимава нашата компанија континуирано се зголемуваат, што довело денес да нудиме голем број услуги од различни области. Значајно е да се спомене дека нашиот тим има долгогодишно искуство во областа на електротехника, односно проектирање и изведба на најразлични високонапонски и нисконапонски електрични инсталации, секогаш прилагодени на потребите на нашите клиенти.

Дознај Повеќе