Високонапонски Електроинсталации

Електрика

Плантаго врши набавка, проектирање и изведба на сите видови електрични инсталации во деловни, станбени, индустриски и јавни објекти според највисоки стандарди. Тука спаѓаат и разводните ормари, кои ги доставуваме ожичени, со сите потребни елементи вклучувајќи ги елементите за контрола и управување. Истите може да бидат изработени во повеќе големини во зависност од Вашите потреби. Пред да ги доставиме, разводните ормари се детално проверени и истестирани од страна на нашите инженери, за што нудиме и целосна гаранција за нивната исправност. И секако, може да се направи и шемирање на електричните ормари во зависност од потребите на објектот.

Дизел агрегати

Ризикот од инцидентен прекин на електрична енергија може да направи дефекти на електричните апарати во Вашиот дом или деловен објект односно фабрика, што може да Ве изложи до големи непотребни трошоци за поправка на апаратите односно машините. Но, сите овие трошоци може да се избегнат доколку во објектот има агрегат. Задачата на агрегатот е да го замени изворот на електрична енергија во моменти кога ќе дојде до нејзин ненадеен прекин од страна на главниот снабдувач на електрична енергија. Поради тоа е препорачливо да се има агрегат, особено во индустриите во кои одвивањето на работните процеси зависи директно од електричната енергија.

Плантаго нуди голем избор на дизел агрегати од реномирани светски производители на мотори и алтернатори како што се Volvo, Perkins и Deutz. Овие агрегати се со автоматски трансфер панел (ATS), и звучно изолирано куќиште со што не сметаат на околината со својот звук. Тоа ги прави погодни за користење за различни намени како во домаќинството, така и во деловни објекти, големи индустрии, па дури и во здравствени институции.

  • Носител на тендер ЕДАТА, клиент Поликлиника Јане Сандански Скопје
  • Носител на тендер ЕДАТА, клиент Поликлиника Ченто Скопје
  • Носител на тендер ЕДАТА, клиент Поликлиника Битпазар Скопје
  • Носител на тендер ЕДАТА, клиент Поликлиника Букурешт Скопје
  • Носител на тендер ЕДАТА, Основен суд Тетово
  • Темпо 99 Скопје
  • International Organization for Migration - IOM Skopje