Клима Уреди

Плантаго нуди голем избор на стандард сплит системи и инвертер клима уреди од најпознатите светски и регионални брендови. Нашиот тим од експерти врши проектирање и изведба на висококвалитетни инсталации во областа на ладење, греење и климатизација. Сите климатизери се со висока енергетска ефикасност, со кои добивате идеална температура во пеколно жешките летни денови како и во смрзнувачки ладните периоди од зимата, без притоа да се грижите за енормно високи сметки за електрична енергија.

Нашиот тим од експерти може да Ви помогне и во процесот на одредување на потребниот капацитет на климатизерот, со што ќе бидете сигурни дека ќе го изберете вистинското решение за удобност во текот на целата година. Во оваа одлука влијаат неколку фактори, и тоа големината на просторијата како еден од поглавните фактори, местоположбата односно бројот на сончеви страни на просторијата, потоа дали и каква термичка изолација и стаклена површина има просторијата и колку луѓе во просек престојуваат во таа просторија.

Сплит системи

Стандардните сплит системи се состојат од две одвоени единици, од кои едната се поставува внатре во просторијата која треба да се климатизира, а другата единица се поставува надвор и служи за исфрлување на топлината надвор од просторијата. Без разлика дали се користи за ладење или греење, климата функционира на начин што го прочистува внатрешниот воздух преку специјални филтри кои ја апсорбираат прашината, поленот и чадот од воздухот.

  • тивок режим на работа
  • енергетска ефикасност
  • одлична распределба на протокот на воздух
  • современа технологија
  • проверен/загарантиран квалитет
  • заробување на алергени како полен и честички прав

Направете ја одлуката за моделот кој најмногу им одговара на Вашите потреби, а грижите за инсталација на клима уредот препуштете ги на нашите сертифицирани монтери, кои имаат долгогодишно искуство во инсталирање на најразлични стандард сплит системи и инвертер клима уреди.

Инвертер клима уреди

Иако можеби некои од Вас се двоумат помеѓу стандардни и инвертер клима уреди, нема сомнение дека инвертер клима уредите се далеку подобар избор од стандардните сплит системи.

  • супер модерен дизајн
  • одлични перформанси
  • енергетска ефикасност
  • брзо и ефикасно ладење и греење
  • тивок режим на работа
  • голем број на дополнителни функции
  • решение за удобност во текот на целата година
  • еколошки прифатливи
  • решение за удобност во текот на целата година

Една од поголемите предности на избирање на инвертер клима уред пред стандарден климатизер е енергетската ефикасност, односно тоа што инвертерот (соз)дава многу повеќе топлина отколку што троши електрична енергија. Тоа значи дека инвертер системите имаат поголем коефициент на заштеда во споредба со стандардните климатизери.

Инвертерите може да го згреат просторот дури и кога надвор температурите се далеку под нулата. Нивниот режим на работа во зависност од моделот може да биде и до -25°C. Тоа значи дека во зависност од надворешните услови, можете во текот на целата зима да ги користите овие системи како грејно тело во Вашиот дом или деловен простор.

Разбирливо е двоумењето поради тоа што почетениот финансиски влог е поголем за инвертерите во споредба со потребниот влог за обичен клима уред, но на долг рок со сигурност ќе Ви се исплати оваа инвестиција во поглед на трошоците за електрична енергија.