Инвертер клима уреди

Иако можеби некои од Вас се двоумат помеѓу стандардни и инвертер клима уреди, нема сомнение дека инвертер клима уредите се далеку подобар избор од стандардните сплит системи.

  • супер модерен дизајн
  • одлични перформанси
  • енергетска ефикасност
  • брзо и ефикасно ладење и греење
  • тивок режим на работа
  • голем број на дополнителни функции
  • решение за удобност во текот на целата година
  • еколошки прифатливи
  • решение за удобност во текот на целата година

Една од поголемите предности на избирање на инвертер клима уред пред стандарден климатизер е енергетската ефикасност, односно тоа што инвертерот (соз)дава многу повеќе топлина отколку што троши електрична енергија. Тоа значи дека инвертер системите имаат поголем коефициент на заштеда во споредба со стандардните климатизери.

Инвертерите може да го згреат просторот дури и кога надвор температурите се далеку под нулата. Нивниот режим на работа во зависност од моделот може да биде и до -25°C. Тоа значи дека во зависност од надворешните услови, можете во текот на целата зима да ги користите овие системи како грејно тело во Вашиот дом или деловен простор.

Разбирливо е двоумењето поради тоа што почетениот финансиски влог е поголем за инвертерите во споредба со потребниот влог за обичен клима уред, но на долг рок со сигурност ќе Ви се исплати оваа инвестиција во поглед на трошоците за електрична енергија.