Придобивките од вода за човештвото се многубројни. Една од нив е користење на водата за создавање на електрична енергија. За да може да се претвори водата во електрична енергија потребно е да се изградат хидроцентрали кои функционираат/работаат на погон на вода. Така, со помош на хидраулични турбини се користи кинетичката енергија на водата како погон за генераторот, кој потоа ја претвора таа енергија во електрична.
Тимот на Плантаго врши детални проценки, анализи, проектирање и изградба на мали хидроцентрали од 0,3KW до 500KW придржувајќи се до сите прописи и стандарди кои е потребно да се исполнат во нашата држава. Овие хидроцентрали немаат негативно влијание врз животната средина, не се загадувачи, не ги нарушуваат животинските и растителните живеалишта и не бараат изградба на големи брани и езера со што ја заштитуваат животната средина.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе околу постапките за изградба на хидроелектрани за производство на електрична енергија, можете да го разгледате овој прирачник, или да нѐ контактирате на следниот телефонски број 074 / 200 – 800.