Со примена на соодветна опрема за трансформација, можеме да ги користиме придобивките од сончевата енергија во две форми:
Една од нив е топлинската енергија која може да се користи за загревање на санитарна вода или за загревање на воздух во домаќинствата, деловните објекти и индустријата, и истата се добива преку колектирање односно акумулирање на сончевата енергија со помош на сончеви колектори.
Другата форма е електрична енергија која може да се користи во индустријата, во домаќинствата или во населени места како единствен извор или како дополнување на основната електрична енергија. Тука се користат сончеви панели составени од фотоќелии кои директно ја претвараат сончевата енергија во електрична енергија.
Плантаго врши набавка и монтажа на сончеви колектори и сончеви панели во согласност на Вашите потреби, кои ќе Ви овозможат добивање на чиста и бесплатна енергија. Искористете ги придобивките на фотонапонските централи со цел производство на електрична енергија, која можете веднаш, без складирање да ја трансфромирате и предадете во дистрибутивната мрежа.