Eлектроинсталации

Високонапонски Електроинсталации

Плантаго врши набавка, проектирање и изведба на сите видови електрични инсталации во деловни, станбени, индустриски и јавни објекти според највисоки стандарди. Тука спаѓаат и разводните ормари, кои ги доставуваме ожичени, со сите потребни елементи вклучувајќи ги елементите за контрола и управување. Истите може да бидат изработени во повеќе големини во зависност од Вашите потреби.

Дознај Повеќе

Нисконапонски Електроинсталации

Плантаго врши проектирање и изведба на различни нисконапонски инсталации како жичани и безжични компјутерски мрежи, телевизиски и HDMI мрежи, аудио озвучување и сл.

Дознај Повеќе

Хидроцентрали

Придобивките од вода за човештвото се многубројни. Една од нив е користење на водата за создавање на електрична енергија. За да може да се претвори водата во електрична енергија потребно е да се изградат хидроцентрали кои функционираат/работаат на погон на вода. Така, со помош на хидраулични турбини се користи кинетичката енергија на водата како погон за генераторот, кој потоа ја претвора таа енергија во електрична.

Дознај Повеќе

Фотонапонски централи

Плантаго врши набавка и монтажа на сончеви колектори и сончеви панели во согласност на Вашите потреби, кои ќе Ви овозможат добивање на чиста и бесплатна енергија. Искористете ги придобивките на фотонапонските централи со цел производство на електрична енергија, која можете веднаш, без складирање да ја трансфромирате и предадете во дистрибутивната мрежа.

Дознај Повеќе