Поставување на систем за видео надзор е еден од неопходните чекори кои треба да ги преземете со цел да ја подобрите безбедноста, како на деловниот простор така и во Вашиот дом. Особено во денешно време кога секојдневно дознаваме нови информации околу загрозувањето на нечија безбедност, видео надзорот е клучен сегмент во техничката заштита на лица и имот.
Системите за видео надзор може да се користат за внатрешна или надворешна заштита на објекти, како влез во станбени објекти, влез и внатрешните простори во приватни куќи и резиденции, административни згради и деловни објекти, продавници и трговски центри, банки и финансиски институции, како и фабрики и индустриски згради каде што постои можност за нарушување на безбедноста на вработените.
Нашите безбедносни решенија се комбинација од систем со врвни перформанси и технологија која е лесна за ракување, и можете во секое време да направите мониторинг над моменталната (1снимка од обезбедуваниот објект)/(2ситуација во делот каде што се поставени камерите) како и да ги прегледувате веќе снимените материјали во извесен минат период во зависност од тоа колку време Ви се чуваат снимките. Контролата може да ја направите локално на самата локација каде што е обезбедениот објект, како и далечински од друга локација за што ви е потребна Интернет конекција. Системите за видео надзор се состојат од камери и дигитални видео рекордери на кои всушност се снимаат податоците, и Вие добивате пристап 24/7 до тие материјали.
Алармните системи најчесто се користат за противпровална заштита на внатрешниот или надворешниот простор на најразлични типови на објекти, од мали канцеларии сѐ до големи деловни објекти, приватни станбени домови, куќи и резиденции, трговски центри, фабрики и слично. Во нашата земја континуирано се зголемува бројот на кражби на дневно ниво што потсетува на неопходноста да се преземат одредени претпазливи мерки.
Една од почесто применуваните методи е токму инсталирањето на алармни системи чија основна функција е заштита на објектите од неовластен пристап. Во суштина постојат различни алармни системи со различни технички перформанси и различно ниво на заштита, но сите тие имаат заеднични краен исход кој има значајно влијание врз Вашата и заштитата на објектите.
Алармниот систем се состои од систем на сензори со кои се детектираат одредени движења како отварање на врата, кршење на стакло, движење во простор, излевање на вода, испуштен гас, појава на пожар и други движења кои би ја загрозиле Вашата безбедност. Детекторите може да користат и безжична комуникација, што значително го олеснува и забрзува процесот на градење на алармен систем и истиот најчесто е со траење од еден час. Контролниот панел прима сигнали од поставените детектори, по што врши алармирање преку сирените, дојава до мониторинг центарот, и алармирање на Вашиот мобилен преку мобилната апликација. Контролирањето на овие системи е доста еднставно и интуитивно, и може да се врши со помош на тастатура, кодирани картички или внесување на шифра. Исто така процесот на активирање и деактивирање на алармот може да биде контролиран преку безжичен далечински управувач исто како и кај алармните системи на возилата, или со Вашиот мобилен телефон преку соодветна апликација.
Со нашиот систем за домофонија имате опција да ја отклучите вратата со само еден допир на Вашиот мобилен телефон без да мора да станувате и да одите до влезот.
Со нашите системи за аудио и видеодомофонија добивате/имате и можност да разговарате со личноста што е пред влезот. На пример, доаѓа Вашиот поштар да Ви ја достави пратката, но Вие не сте дома па преку овие системи му давате инструкции каде да го остави пакетот.
Во продолжение ќе сретнете некои од придобивките кои би ги здобиле преку инсталирање на видео-домофонски систем во Вашиот дом или деловен простор:
Природно е секој човек да сака да го заштити својот имот од провали или неовластени луѓе.
На пример одите на одмор но имате потреба од Вашата куќна помошничка да продолжи да доаѓа во Вашиот дом за да ги наводни/повади цвеќињата или да ги нахрани рипките. Преку системот за контрола на пристап може да и дозволите да има пристап за влез во одреден период од денот, или одреден ден во неделата.
Плантаго врши набавка, продажба и монтажа на различни видови паркинг системи во зависност од Вашите потреби. Нудиме голем избор на рампи и системи за управување со паркинг простор за големи површини, надземни и подземни паркинг гаражи, како и за закупен паркинг пред зградата на Вашиот дом или деловен простор.
Големите паркинг системи се составени од влезни и излезни терминали кои функционираат со електрични рампи, мануелни или автоматски наплатни места, систем за брзо печатење на билети, приказ на бројот на слободни паркинг места, и т.н. Доколку имате потреба за систем наменет за големи локации имате можност да бирате помеѓу неколку типови начини на наплата на паркингот, и тоа мануелно, автоматски со поставен наплатен терминал кој функционира со дебитни картички, готовина, плаќање преку мобилен или припејд паркинг картички кои се целосно заштитени од копирање.
Системите за дојава на пожар освен чад, детектираат и CO, LPG како и други опасни гасови.
Нашиот тим врши изведба односно инсталација на системите за детекција и дојава на пожар, како и проверка на електронските против пожарни системи.
Со системот за евиденција на работно време покрај извештаите кои ги добивате за евиденцијата на Вашите вработени, Вие дополнително можете да вршите и контрола на пристап во Вашиот деловен објект, како и контрола односно оневозможување на движење само во одредени простории. На овој начин ќе можете да бидете сигурни дека само надлежните ќе имаат пристап до одредени канцеларии каде што ги чувате вашите сензитивни документи.